Skip to main content

ПАТОТ ДО РАЗВОЈ И МИР ЗАПОЧНУВА СО ЗАМОЛЧУВАЊЕ НА ОРУЖЈЕТО

Од денеска до 12 јуни се одбележува Глобалната недела за акција против оруженото насилство -иницијатива на Меѓународната акциона мрежа за мало оружје (International Action Network on Small Arms, IANSA). Оваа година акцијата е под мотото „Патот до развој и мир започнува со замолчување на оружјето”.

 |   | 

Од денеска до 12 јуни се одбележува Глобалната недела за акција против оруженото насилство -иницијатива на Меѓународната акциона мрежа за мало оружје (International Action Network on Small Arms, IANSA). Оваа година акцијата е под мотото „Патот до развој и мир започнува со замолчување на оружјето”.

Глобалната недела за акција против оруженото насилство е време когаграѓан(к)ите треба да ја промовираат борбата против огненото оружје, а властите да се потсетат на постојните стандарди и спогодби за контрола на распространувањето и шверцот со оружје. Оваа недела треба да се искористи за едукација и јакнење на јавната свест со цел елиминирање на нелегалното оружје и оруженото насилство на улиците и во домовите.

„Оваа акција претставува можност за да се искаже загриженоста на организациите членки на мрежата од ширењето и злоупотребата на малото и лесно оружје. Истовремено IANSA упатува повик за преземање на поголеми акции од страна на властите”, се вели во соопштението на мрежата.

ЦИВИЛ – Центар за слобода е организација членка на IANSA од 2002 година и на коалицијата Контрола на оружјето (Control Arms) од самиот почеток на формирањето на Коалицијата во 2003 година. Веќе 14 години Цивил ја одбележува оваа недела преку активности за јакнење на јавната свест и едукација.

Тешките состојби во земјата, политичката криза, разнишаната безбедносна состојба и нефункционирањето на институциите на државата ја прават темата на контролата на оружјето исклучително важна за нашата земја. Сите напори и повици на ЦИВИЛ, институциите посериозно да се зафатат со безбедноста на граѓаните, надминувањето на култот кон оружјето и борбата против нелегалното оружје, не наидоа на одѕив во изминатите години.