Skip to main content

Патувачките камења, лизгаат на мраз

Со години, научниците беа зачудени од мистериозните „патувачки камења“ во долината на смртта.

patuvacki kamen
патувачки камен

Тешките камења се поместуваат на дното на пресушеното езеро и оставаат траги позади нив. Движењето на камењата било објаснувано со секакви теории, од вонземјани и магнетски полиња до измами. Но, никој порано не го видел движењето на камењата, што само ја зголемува мистеријата околу нив.

patuvacki kamenНаучниците се обидувале да ја разрешат мистеријата со децении. Во 2006, Ралф Лоренз, научник во НАСА додека ги истражувал временските услови на останатите планети се заинтересирал за долината на смртта. Лоренз честопати ги споредувал временските услови во долината со оние на месечина на Сатурн.

Додека ја истражувал долината, тој бил заинтригиран од феноменот. Тој направил модел на маса, користејќи обичен сад за да покаже како камењата се лизгаат на површината. Тој ставил мал камен во садот и го наполнил со вода, притоа оставајќи само мал дел од каменот над површината на водата.

patuvacki kamenГо ставил садот во замрзнувач, по што добил парче мраз со камен во него. Каменот, со мразот околу него, го ставил на послужавник со вода и песок на површината. Сѐ што направил потоа е дување на каменот низ водата. Како што каменот се движел, тој оставал трага во песокот на површината на послужавникот, под водата.

Истражувачкиот тим на Лоренз пресметал дека под одредени зимски услови во долината, би можело да се формира доволно вода и мраз за да овозможат лебдење на камењата над површината со кал, притоа оставајќи трага во калта како што се движат.

{loadposition content9}