Skip to main content

Педесет години од појавата на аудио касетите

Пред 50 години на пазарот се појави првата аудио касета.

audio kaseta
аудио касета

Иако првата била наменета за снимање со диктафон, музичката индустрија го препознала потенцијалот, а аудио касетите какви што ги познаваме денес, станале омилен медиум меѓу младите.

audio kasetaАудио касетите за прв пат се појавиле во 1963 година, а масовното производство започнало година дена подоцна во Хановер, Германија. Меѓутоа, претходно снимената касета (“Musicassettes” или “MC”) во Европа се појавила дури во 1965 година.
Сепак, најголема популарност касетата доживеа во 80-те, со појавувањето на “hi-fi” системот и Walkeman-от на Sony, кој за прв пат се појави во 1979 година.

Постарите генерации добро ги паметат популарните преносни свирачи, честопати слабите слушалки со слоеви од сунѓер, но и проблемите кои настануваа кога ќе се заплетка траката.

Но, новото време донесе и нови проблеми. Во текот на 90-те, популарноста на аудио касетите значително опадна, првенствено поради појавата на CD-њата, кои во тоа време во превзедоа пазарот.

До 2001 година, многу издавачи веќе се откажаа од издавање на албуми на касети, а само во САД продажбата на касети опаднала од 442 милиони во 90-те, на дури 274 илјади во 2007 година.

audio kasetaСепак, празните касети се задржаа, па така и денес можеме да ги пронајдеме во некои продавници. Sony во 2010 година го откажа производството на Walkman, а Oxford English Dictionary во 2011 објави дека ќе го тргне зборот “cassette tape” од речникот, за да направи место за повеќе од 400 нови зборови. Нивната одлука предизвика негативни реакции во медиумите.

Наспроти се, касетата и понатаму има специјално место во срцата на постарите генерации, кои се сеќаваат на времињата кога на касетите снимале песни од радио, разменувале и преснимувале албуми, уживале во игрите за компјутер како што се Commodore 64 и ZX Spectrum, а правеле и сопствени компилации.

{loadposition content9}