Пеликан во Охридското езеро
Доказ за чистите води на Охридското езеро е оваа фотографија и необичниот гостин кого години го немавме видено, пеликанот.
Доказ за чистите води на Охридското езеро е оваа фотографија и необичниот гостин кого години го немавме видено, пеликанот.
Иако пеликанот во голем дел од Европа се среќаваше, но огромното загадување на водата го натера овој вид птица можеби неповратно да исчезне од овој дел на светот.
Во нашата земја до неодамна, пеликаните по бројност што ја имаа, се среќаваа не само на Преспанско Езеро, туку и по мочуриштата низ Република Македонија, како и на Охридското и Дојранското Езеро.
За разлика од кадроглавиот пеликан, кој гнезди кај нас, обичниот пеликан е птица која во нашата земја доаѓаше напролет и престојуваше на Дојранското Езеро. За жал, со години, на Дојранското Езеро, кое е едно од најбогатите езера со риба во Европа, не се забележуваат пеликани.
Пеликаните се хранат со риба, глувци, а во широкиот клун понекогаш знаат да проголтаат и помали птици. Значи пеликанот е мошне алчна птица, но не и штетник. Особено денес кога бројноста на пеликанот во Република Македонија е многу мала.