Skip to main content

Национална филмска награда на Шпанија

Пенелопе Круз повторно наградена

Жирито едногласно ја наградило глумицата за достигнувањата во 2021 година, кои се додадени на сето она што го постигнала во нејзината кариера.
 |  инфодеск  | 
Пенелопе Круз

Пенелопе Круз ја доби Националната филмска награда на Шпанија за 2022 година, соопшти тамошното Министерство за култура и спорт.

Како што е наведено на официјалната интернет-страница, жирито едногласно ја наградило глумицата за достигнувањата во 2021 година, кои се додадени на сето она што го постигнала во нејзината кариера. Покрај тоа, Пенелопе Круз е првата Шпанка која ја добила наградата за најдобра женска улога на Филмскиот фестивал во Венеција за нејзината улога во филмот „Madres Paralelas“ на Педро Алмодовар. Номинирана е и за четири „Оскари“ низ годините досега.

Со својот огромен талент и извонредните изведби, Пенелопе Круз со десетлетија ја сместува нашата култура на врвот – објави жирито на Твитер.

Националната филмска награда на Шпанија се доделува секоја година за севкупен придонес во шпанската филмска индустрија.