Skip to main content

Песни на кои мажите плачат

‘Everybody Hurts’, евергринот на групата „REM“ од 1993 година, е на прво место на мелодиите на кои мажите наводно плачат.

 |  Маја Савиќ  | 
tazni pesni
тажни песни

everybody hurts‘Everybody Hurts’, евергринот на групата „REM“ од 1993 година, е на прво место на мелодиите на кои мажите наводно плачат. Според истражувањето на компанијата „Пи Ар фор Мјузик“, што се занимава со авторски права на музиката, тврдат дека на горенаведената песна мажите најлесно пуштаат солзи. На второ место е „Tears In Heaven“ од Ерик Клептон, на трето „Hallelujah“ од Леонард Коен, објави „Њу мјузикал експрес“.

„Добро напишаната срцетрогателна песна е онаа во која слушателите можат да се препознаат“, вели челникот на британската компанија „Елис рич“. „Се работи за лирска врска што го достигнува емоционално најдлабокото нешто и го трогнува и најсилниот маж“, вели тој.

Еве ја листата на песни што „Пи Ар фор Мјузик“ ги одвои како нумери што ги расплакуваат мажите:

Leonard Cohen1. REM – ‘Everybody Hurts’
2. Eric Clapton – ‘Tears In Heaven’
3. Leonard Cohen – ‘Hallelujah’
4. Sinead O’Connor – ‘Nothing Compares 2 U’
5. U2 – ‘With Or Without You’
6. The Verve – ‘The Drugs Don’t Work’
7. Elton John – ‘Candle In The Wind’
8. Bruce Springsteen – ‘Streets Of Philadelphia’
9. Todd Duncan – ‘Unchained Melody’
10. Robbie Williams – ‘Angels’
U2


Значи, навистина Британциве полуделе. Па, тие да ја слушнат македонската музика, ќе се „утепаат“ од плачење. Ова уште еднаш докажува дека Македонците се цврст и издржлив народ, бидејќи барем јас немам видено ниеден Македонец да плаче на песна (ние си плачеме на турски серии).


{loadposition content9}