Во петок премиера на „Премотај и почни одново” од театарскиот клуб на МЦО
Претставата „Премотај и почни одново” на театарскиот клуб од Младински Центар Охрид премиерно ќе биде изведена во петок на 19ти април, во 20ч во просториите на МЦО.
„Премотај и почни одново” е адаптација на едночинката „Bang Bang You’re Dead” од Вилијам Мастросимон од 1999 година и е длабоко испитување на културата што може да предизвика насилство во современото општество, и потресна интроспекција на последиците од тоа насилство.
Продукција: Младински Центар Охрид
Сценарио и режија: Јован Цветкоски
ИГРААТ: Лука Доленц, Дафина Дејкоска, Сара Петкоска, Марио Ѓорески, Ивона Тасеска, Лија Камбер, Борче Исакоски, Исидора Митревска, Лора Јонческа, Лина Јоноска, Теона Талевска
„Оваа драма не е само уште едно сценарио што го избравме случајно. Тоа е огледало што ги одразува проблемите што ги мачат нашите училишта и заедници. И затоа избравме да ја оживееме оваа претстава. Не само за забава, туку и за едукација. Ние веруваме дека театарот има моќ да поттикне разговори, да направи промени. Со влегувањето во чевлите на овие ликови, се надеваме дека ќе фрлиме светлина врз темнината што нè опкружува. Сакаме да ја предизвикаме стигмата. Да ги срушиме бариерите кои нè спречуваат да подадеме рака, да бараме помош. Но заедно, преку уметност и емпатија, можеме да направиме разлика.“ вели Јован Цветкоски.
Влезот за премиерата е бесплатен и само со резервација претходно со порака на социјалните мрежи на МЦО. МЕСТАТА СЕ ОГРАНИЧЕНИ!