Skip to main content

Во петок ќе биде промовиран романот „Само уште еден скок“ од Енис Хилми

Раскажан од перспектива на кучето Тото, „Само уште еден скок“ е роман што на необичен и искрен начин говори за човекот и неговиот однос кон светот.
 |  инфодеск  | 

Во организација на Издавачката куќа „Светулка“, во петок, на 24 јули 2026 година, со почеток во 19:30 часот, во The Harbour Club во Охрид ќе се одржи промоцијата на романот „Само уште еден скок“ од охриѓанката Енис Хилми.

За книгата ќе зборуваат Ана Јовковска и Весна Мојсова-Чепишевска, кои ќе се осврнат на книжевните, етичките и општествените теми што ги отвора романот.

Раскажан од перспектива на кучето Тото, „Само уште еден скок“ е роман што на необичен и искрен начин говори за човекот и неговиот однос кон светот. Низ приказната за едно куче се испреплетуваат теми за љубовта, припадноста, довербата, загубата и безусловната верност, но и за зачувувањето на природата, исчезнувањето на историското наследство, урбаната агресија и одговорноста што ја имаме кон светот што им го оставаме на идните генерации.