Петта импровокација
Импровокација во петок (14 април 2017) година на “керал” сцената на Народен Театар Охрид, репертоарно ќе се одигра петтата епизода од втората сезона на најпопуларното шоу “Импровокација”, со актерите Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, подпомогнати од Филип Ангеличин – Жура.

Специјалното Велигденско издание на Импровокација започнува во 20:00 часот, а влезниците се купуваат во музичката продавница Зи Зи Топ. Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава.
Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.