Skip to main content

Петта победа во серија за охридските ракометари

Овој пат „жртва“ беше директниот ривал за втората позиција во Супер лигата, екипата на „Работнички“. Во завршницата на совршениот натпревар, гладијаторите славеа со 24-20.

rakometari

Овој пат „жртва“ беше директниот ривал за втората позиција во Супер лигата, екипата на „Работнички“. Во завршницата на совршениот натпревар, гладијаторите славеа со 24-20.

rakometРакометниот клуб Охрид впиша нови бодови на суперлигашкото конто откако пред своите гледачи го совлада Работнички (24-20) во дербито во 10-та рунда. Со овој овој петти по ред триумф охриѓани го „турнаа“ Работнички на третата позиција во елитата. „Гладијаторите“ одиграа перфектен натпревар и на крајот заслужено славеа со 24-20. Печат на петтата победа во серија охриѓани ставија со цепелин во режија на Малик Хогас и Валентино Белевски кој ја доведе до точка на вриење атмосферата во охридската тврдина.

Се водеше жестока битка за секоја топка, на секоја педа во спортската арена пред своите навивачи кои досега немаа видено вакво издание на „гладијаторите“, кои приредија извонредна ракометна претстава. Првиот дел охриѓани го добија со 12-9, благодарение на добрата одбрана и ефикасниот напад. Во вториот дел домаќините имаа водство и од четири погодоци, но во последните мигови од мечот влегоа во неизвесна завршница.  На две и пол минути до крајот на мечот во „Билјанини Извори“ снема струја, а прекинот подобро им дојде на домашните ракометари кои во тие моменти играа со играч помалку. Работнички ги прокоцка двете прилики за враќање во игра, а избраниците на Горан Андоновски со цепелин ставија точка на осмиот триумф сезонава.