Skip to main content

Петти Балкански поетски камп за деца и млади “ Ванчо Николески” – 2023

Богата програма и бројни учесници за одбележување на малиот петгодишен јубилеј на поетскиот камп. Манифестацијата започнува на 24 август и ќе трае до 26 август, а ќе се одржува во Охрид, Струга, Вевчани, Белчишта и Црвена Вода.
 |  инфодеск  | 
Poetski kamp Vanco Nikoleski

Во четврток, 24. Август, со почеток во 10 часот, во зградата на ОУ “Ванчо Николески”, во Лескоец, крај Охрид, закажано е свечено отворање на, петтиот, по ред, Балкански поетски Камп за млади “Ванчо Николески”.

За овој чин, учениците од училиштето, единствената иституција кај нас, која го носи името на родоначалникот на македонската литература за деца и млади, подготвуваат посебна културно – уметничка програма, додека учесниците – млади, надежни поетски имиња од нашата земја, Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Црна Гора, ќе ги поздрави и ќе им посака плодна работа, претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, професор – д-р Христо Петрески.

Веднаш после тоа, дел од учесниците и организаторот – Друштвото за литература и култура МАЦКОВО, ќе оддадат пиетет кон Николески, со полагање цвеќе на вечното почивалиште во Охрид.

Манифестацијата ќе трае до 26 август и ќе се одржува во Охрид, Струга, Вевчани, Белчишта и Црвена Вода.

Учесниците, благодарение на воспоставената соработка со менаџментот, ќе бидат во прилика да проследат дел од манифестациите на светскиот поетски фестивал – Струшки вечери на поезијата.

Поетските работилници, годинава, ќе ги води професор д-р Милутин Ѓуричковиќ, истакнат српски поет, идеен творец, основач, сега претседател на Институтот за детска литература во Белград, член на Европската академија на науките и уметностите.

Учесниците ќе одат во посета на специфичното, од културо-историски аспект, село (општина Вевчани), место на повеќевековен уличен Карневал на маски, со разглед на вевчанските извори и Спомен – куќата на таткото на глобализацијата Михајло Пупин, како и прием кај градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски.

Во Охрид, ќе ги разгледаат најзначајините споменици на македонската историја и култура и ќе одат во посета на Музејот на холандскиот писател Ден а Долард, каде ќе читаат свои творби.

Последниот ден, во Белчишта, ќе имаат прием кај градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески и ќе ја посетат Галеријата од дела на учесници на Ликовната колонија “Дебрца”, најстара и со најголема збирка во Македонија. со над 700 експонати.

Во селото Црвена Вода, родно место на поетот Ванчо Николески, мештаните им подготвуваат селска трпеза, а ќе ја посетаат родната куќа и Спомен собата на писателот.

Времето за литературно создавање, ќе го искористат за другарување и разговор со поетотот Христо Петрески, на тема: креативно пишување поетски творби.

Последниот, вечерта, од 20, 30 часот ќе присуствуваат на предавањето на Поетскиот портрет на лауреатот на „Златен венец“ на СВП за 2023 година, во црквата „Св. Софија“ во Охрид.

Балкански поетски камп за деца и млади “ Ванчо Николески” се одржува под покровителство на Светската академија на поезијата при УНЕСКО, со седиште во Верона, Италија, додека претседателот Стево Пендаровскио, секоја година, до учесниците испраќа специјално Послание.

Манифестацијата, финансиски е помогната од Министерството за култура, општините Охрид и Дебрца, како и од спонзори и помагатели.