Skip to main content

Писателката Марина Димовска ја подготвува четвртата книга

Охриѓанката Марина Шикова Димовска ја подготвува четвртата книга. Изминативе две години таа издаде три дела, роман, поезија и книга за деца. Состојбата на книжевната сцена во Охрид е солидна, оценува авторката.
 |  инфодеск  | 

Писателката  Марина Шикова Димовска од Охрид го подготвува своето четврто дело. Се работи за роман, биографија  во кој ќе биде опишан дел од животот на еден охриѓанец. Изминативе две години  за Димовска беа плодни,  има издадено три книги. Една  поезија насловена како  „Мое место“ која ќе биде промовирана оваа пролет. Книгата  за деца со наслов  „Езерото ми раскажува“,  а  особено внимание во јавноста предизвика автобиографската книга „Приказни од кујната“. 

„ Ова се приказни од кујната на животот, она што нам ни го дава, ни го сервира животот, а понекогаш и ни дава сами да си зготвиме, нели сами да си го потготвиме она што ни е дадено како материјал. Многу размислував додека дојдов до идеја да го публикувам првото дело мислејки дека можеби сум задоцнила, можеби доцна дошло тоа во мојот живот , меѓутоа мислам дека се си доаѓа на време. Овие материјали тлееле во мене, па ете дојде моментот во 2022 година да ги издадам , да ги изнесам од мене и мислам дека дојдоа во право време“, вели Марина Шикалова Димовска.

Состојбата на книжевната сцена во Охрид е солидна, оценува авторката. Има доста настани, промоции и одлична соработка помеѓу писателите, поетите и уметниците.

„Ме радува она што се случува на книжевната сцена во Охрид затоа што ние како книжевници јас и другите локални автори имаме одлична соработка. Имаме здружение кое што се вика Креативна Верига каде што се поканети сите пистаели, поети и уметници воопшто, затоа што ова здружение издава и едно електронско списание кое што се вика (е)Лит, а во него има простор за секој уметник. Имаме често средби имаме доста промоции и навистина одлично соработуваме“ , додава Димовска.

Според книжевниците читањето книги е храна за душата и мозокот, тоа е најдобриот начин за пополнување на слободното време и најефикасен метод за релаксација.

Новинар Соња Рилковска