Плацебо пластиче
“Мислам дека приказната за дејството на овие бразлетни е заснована на псевдонауката. Можете да ставите и обична гумена бразлетна околу раката и верувајте дека ќе ве излечи” – смета др. Нарда Робинсон од Универзитетот во Колорадо.
Телевизијата “channel 9”, тврди дека “енергетската” бразлетна која стана вистински хит во Америка и светот и се продава за 30 долари, не претставува ништо друго туку уште еден производ со плацебо ефект.
Тие со недели разговарале со корисниците, докторите и продавачите и дошле до различни податоци.
Имено, дел од испитаните корисници тврдат дека “бразлетната делува, ја стабилизира енергијата и лечи”, додека пак од друга страна е откриено е дека во различни продавници се продаваат бразлетни со различен состав, при што дел од продавачите велат дека истите содржат и вулкански пепел кој емитира висока количина на негативни јони.
“Мислам дека приказната за дејството на овие бразлетни е заснована на псевдонауката. Можете да ставите и обична гумена бразлетна околу раката и верувајте дека ќе ве излечи” – смета др. Нарда Робинсон од Универзитетот во Колорадо.
Меѓутоа, Роб Русакоф – портпарол на компанијата “Energy Armor” која ги произведува бразлетните, стои зад мислењето дека негативните јони го штитат телото.
“Бразлетните го штитат вашето тело од сите негативни влијанија од технологијата која не опкружува како на пример од мобилните телефони, бежичните мрежи, сателитските антени и многу други” – изјавува Русакоф.
Сепак, тој признава дека не постои ниту едно објавено научно истражување кое го поддржува овој став за бразлетните, како и дека поедини корисници можат да почувствуваат плацебо ефект, па и покрај тоа истакнува илјадници позитивни критики кои стигнуваат на адресата на компанијата од задоволните корисници.
Исто така неколку дена пред денверската телевизијата да го објави својот извештај, Русакоф испратил мејл во редакцијата, во кој тврди дека еден доктор кој не бил платен од неговата компанија, извршил истражување за алката.
Сепак тоа истражување не е никаде објавено, а книгата на споменатиот доктор се продава во продавниците на компанијата “Energy Armor”.
{loadposition content9}