Skip to main content

Плукни на мобилниот

Двајца научници, Хјун Гју Парк и Бјанг Јон Вон, веруваат дека идните паметни телефони би можеле да дијагностицираат инфекции кога ќе ставиме мало количество плунка на екранот на допир…

 |   | 
touch phone
touch phone

touch phoneДвајца научници, Хјун Гју Парк и Бјанг Јон Вон, веруваат дека идните паметни телефони би можеле да дијагностицираат инфекции кога ќе ставиме мало количество плунка на екранот на допир, а потоа апликацијата ќе го анализира примерокот. Според научниците, ова функционира преку способноста на екранот на допир да открива разлики помеѓу различни видови плунка, во зависност од вирусот.

„Екраните на допир можат да забележат многу мали разлики, па добивме идеја да ги направиме да можат да функционираат како многу чувствителни платформи за откривање болести“, изјави Парк.

Ако оваа технологија стане реалноста, луѓето ќе можат дома да го контролираат своето здравје и ќе можат во рани фази да забележат ако имаат некоја сериозна болест.

{loadposition content9}