Skip to main content

76-ти Филмски фестивал во Кан

Почесна „Златна палма“ за Даглас, враќање на Џони Деп

Во трката за „Златната палма“ се 21 филм, а за најдобриот ќе одлучува жирито на чело со Рубен Остлунд, минатогодишниот добитник на главната награда за филмот Триаголник на тагата.
 |  инфодеск  | 
кан

Катрин Денев официјално го прогласи за отворен 76-от Кански филмски фестивал на церемонија организирана од нејзината ќерка актерка Кјара Мастројани.

Денев оваа година е заштитно лице на фестивалот.

„Го прогласувам 76-от Кански фестивал за отворен“, рече Денев, легенда на француската кинематографија, зборувајќи покрај американскиот актер Мајкл Даглас, кој ја изговори истата реченица на англиски неколку минути откако му беше врачена почесната Златна палма.

Меѓународниот филмски фестивал започна вчера, а ќе трае до 27 мај. На црвениот тепих прошетаа бројни ѕвезди меѓу кои Харисон Форд, Џони Деп и Натали Портман.
По отворањето беше прикажан филмот „Жан ди Бери“ на францускиот режисер Мајвен, со Џони Деп во главната улога, каде што го игра Луј XV.

Во трката за „Златната палма“ се 21 филм, а за најдобриот ќе одлучува жирито на чело со Рубен Остлунд, минатогодишниот добитник на главната награда за филмот Триаголник на тагата.
Меѓу оние кои се натпреваруваат за Златната палма се и наградуваните филмаџии како Британецот Кен Лоуч, Германецот Вим Вендерс и Италијанката Нани Морети.

Финскиот режисер Аки Каурисмаки, исто така, се враќа во Кан со Овенати лисја, како и Италијанецот Марко Белокио со Киднапирање.

Јапонскиот режисер Хироказу Кореда, кој беше награден со Златна палма во 2018 година за филмот Family Affair, го претставува Monster.

Како и секоја година, локалната полиција забрани собири во близина на фестивалот, но синдикатот организатор на демонстрациите против пензиската реформа, најави протести за време на фестивалот.