Почина италијанскиот композитор Енио Мориконе
На 91 годишна возраст почина италијанскиот композитор Енио Мориконе. Најпознат по својата филмска музика, во 2007-ма година тој доби Оскар за животно дело поради “музиката која многу филмови ги има направено подносливи”.

Пред неколку дена тој поради фрактура на бутната коска бил пренесен во болница, каде синоќа починал, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.
Пред 11 години, токму Мориконе со музичкиот спектакл “Беше еднаш во Македонија” под диригентската палка на светски познатиот композитор на филмска музика Енио Мориконе го отвори тогашното 49-то „Охридско лето”.
Италијанскиот композитор Мориконе тогаш диригираше со унгарскиот филхармониски оркестар „Гјор”, кои во Античкиот театар во Охрид изведоа колаж од неговата авторска музика во филмовите „Добриот, лошиот и грдиот”, „Беше еднаш на Дивиот Запад”, „Беше еднаш во Америка”, „Недопирливите”, и други.
Инаку големиот уметник во својата кариера има компонирано околу 450 дела, од кои 80 насто се за вестерн филмови.