Почина таткото на современиот филмски кошмар
Мајсторот на хорор филмовите, почина на 76 годишна возраст, во неделата на 30-ти август.
Мајсторот на хорор филмовите, почина на 76 годишна возраст, во неделата на 30-ти август.
Вес Крејвен во последните три години боледуваше од тумор на мозокот, но и понатаму беше активен на професионален план и дел од голем број тв и филмски проекти.
Меѓу останатите, режисерот ќе биде запамтен по филмовите за Фреди Кругер, меѓу кои имаше осум продолженија и заработка од 25 милиони долари.
Добитник е на наградата за животно дело на фестивалот во Њујорк за хорор филмови и Академијата за научна фантастика и хорор филмови. Голем број познати личности се простија од Вес Крејвен преку социјалните мрежи, а меѓу нив е и Кортни Кокс, која објави – „Денес изгубивме сјаен човек, пријател и ментор“.