Почина Васил Атанасов, пејачот на хитот „Кој не раздели“
По подолго боледување, во Германија почина фолк пејачот Васил Атанасов, а веста за неговата смрт ја споделија пријателите, кои преку Фејсбук се простуваат од него.
По подолго боледување, во Германија почина фолк пејачот Васил Атанасов, а веста за неговата смрт ја споделија пријателите, кои преку Фејсбук се простуваат од него.
Атанасов потекнува од струмичкото село Дабиле. По завршувањето на средното музичко училиште во Штип беше член на повеќе музички групи. Во меѓувреме работел и како наставник по музичко во повеќе училишта, а неговите ученици го паметат како „распеаниот наставник“. Тој редовно настапуваше на музичкиот фестивал за народна музика Фолк фест Валандово, а во 1993 година со песната „Кој нѐ раздели“ доби втора награда од публиката. Песната беше прогласена за најслушана помеѓу две изданија на фестивалот.
Во 1995 година Атанасов заминува за Германија, а во 2011 година настапи на прославата по повод дваесет години од независноста на Македонија.
Слушнете ја „Кој не раздели“ на следниот линк
Нека почива во мир, вечна му слава.