Skip to main content

Тажна вест

Почина актерот Димче Мешковски

Во „Викенд на мртовци“ беше легендарниот Тасе, во „Солунски патрдии“ го играше Секула. Беше дел од екипата на „Женски оркестар“, „Хихирику“.
 |  инфодеск  | 
Димче Мешковски

Почина Димче Мешковски македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист.

Во „Викенд на мртовци“ беше легендарниот Тасе, во „Солунски патрдии“ го играше Секула, а нѐ смееше и како дел од екипата на „Женски оркестар“, „Хихирику“ и многу други.

Остварил улоги во многу театарски претстави („Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“), телевизиски серии („Македонски народни приказни“), радио-драми и хумористични серии („Хихирику“) и играни филмови („Викенд на мртовци“).

Својот глас го позајмувал и при синхронизацијата на цртани филмови (Гаргамел во „Штрумпфови“), а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца.

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.

Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје.