Skip to main content

Почина Лиз Тејлор – најубавата Клеопатра

Популарната актерка Елизабет Тејлор почина утринава на 79 години. Веста за смртта ја кажа нејзиниот син Мајкл Вилдинг: „Секогаш ќе бидеме инспирирани од нејзиниот траен и неизмерен придонес кон светот“.

 |  Маја Савиќ  | 
Elizabet
Елизабет

ElizabetПопуларната актерка Елизабет Тејлор почина утринава на 79 години. Веста за смртта ја кажа нејзиниот син Мајкл Вилдинг: „Секогаш ќе бидеме инспирирани од нејзиниот траен и неизмерен придонес кон светот“.

Два пати добитничка на наградата „Оскар”, долго време боледуваше, а беше лекувана од проблеми со срцето.

Нејзини најпознати улоги беа во спектаклот „Клеопатра” на Џозеф Манкиевич и „Кој се плаши од Вирџинија Вулф” на Мајк Николс.

Исто така беше позната и по нејзиниот „гламур” и филмското партнерство во Ричард Бартон, еден од нејзините седум мажи.
Elizabet i Burton
Во нејзините најдобри години, таа без конкуренција беше една од најголемите актерки и една од најубавите жени во светот.

Нејзиниот буен приватен живот, актерскиот успех и хуманитарната работа околу СИДА-та, и обезбеди место под рефлекторите уште од времето кога како 12-годишно девојче стана славна.

{loadposition content9}