Започнува Фестивалот на планински филм ЕХО
Вечерва започнува Фестивалот на планински филм ЕХО. Филмските проекции ќе се одржат во Планинската Спасителна Служба при Црвен Крст Охрид (кај автобуската станица Охрид).
ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН; МЕСТАТА СЕ ОГРАНИЧЕНИ!
Најдолгата традиција во патувачкото кино, е посетата на Охрид, па така во организација со АК Патагонија, Културолошка иницијатива 5 до 12 и Планинската спасителна служба – фестивалот во Охрид гостува по 6ти пат.
Вљубениците во природата и планината од Охрид ќе можат да уживаат во 2-дневен настан, со селекција на филмови од последното издание на ЕХО, како и неколку презентации:
***** 11 декември, понеделник
Локација: Планинска спасителна служба – Охрид
Блок 1, 19:00 часот,
Видео презентација „5 години 5до12″, 10′
Претставување на најновата публикација на ЕХО: „Пат” на Нејц Заплотник, 10′
„Еголенд”, Игнаси Лопез Фабрегас, Шпанија, 20′, 2022
„До планините и назад”, Мајк Квигли, Канада, 47′, 2022
ПАУЗА 15мин
Блок 2, 21 часот
„Чангабанг: Враќање на Светлечката планина”, Ник Ковалски, Нов Зеланд, 20′, 2023
„Илузија за изобилство”, Ерика Гонзалес Рамирез / Мати Лиетарт, Белгија, 2022, 60′
***** 12 декември, вторник
Локација: Планинска спасителна служба – Охрид
Блок 1, 19:00 часот
Презентација на АК Патагонија, 30′
„АлтаВиа 4000″, Лука Матасони и Марко Тоноли, Италија, 37′, 2023
„Момците на мостот”, Ник Розен/Питер Мортимер, САД, 28′, 2022
Пауза 15мин
Блок 2, 20:45 часот
„Над земјата, под ѕвездите”, Марк Марфи, В. Британија, 2022, 18′
„КМ 82: Гласот на носачите на Камино Инка”, Маринел де Хесус, САД, 2023, 25′
„Едланже: слобода на врвот на прстите”, Нилс Мартин, Франција, 52′, 2023