Подароци кои навистина вредат
Дали имате пријател за кого не можете да пронајдете совршен подарок? Можеби следниве подароци ќе бидат соодветни за некој што има се’.
Дали имате пријател за кого не можете да пронајдете совршен подарок? Можеби следниве подароци ќе бидат соодветни за некој што има се’.
Статуата на слободата
Статуата е подарок од Франција за САД. Франција сметала дека треба да направи нешто за да и’ оддаде чест на САД после Граѓанската војна.
Бел слон
Необичниот подарок му бил даден на папата Лав Х во 1514. Папата бил толку воодушевен од подарокот што го изнајмил Рафаело да му направи портрет.
Бомбај
Кога Чарлс II од Англија се согласил да се ожени со Кетрин од Браганза во 1640 (Чарлс имал 10 години, а Кетрин имала 2 години), како подарок добил два градови, од кои едниот денес е Бомбај.
Висечките градини од Вавилон
Легендата вели дека висечките градини биле направени во Вавилон од Небучаднезар II за неговата жена, Амита, на која и’ недостигал родниот дом во Иран. За да ја развесели, кралот создал мини-рај со сите нејзини омилени растенија. Некаде околу 2 г.п.н.е. градините биле уништени од земјотрес.
Дијамант од 69,42 карати
Ричард Бартон го купил овој дијамант за неговата тогашна жена, Елизабет Тејлор. Тоа бил најскапиот дијамант дотогаш продаден. Кога Тејлор го ставила на аукција во 1978, дијамантот се продал за 5 милиони долари.
Тројански коњ
Сите ја знаеме приказната. Грците успеале да влезат во Троја откако го измислиле подарокот, кој впрочем бил фатален за оние за кој бил наменет. Овој подарок ја уништил Троја.
Тепих со Клеопатра во него
Клеопатра требала да зборува со Јулиј Цезар. Единствениот начин на кој таа можела да стигне до него е тоа да го направи тајно. Нејзините слуги ја обвиткале во тепих и ја однеле до Цезар како подарок. Планот успеал.
{loadposition content9}