Skip to main content

Се е подготвено за најголемата забава на светот

Голем број на Бразилци веќе почнаа да се подготвуваат за најголемиот карневал во светот кој се одржува во Рио, а кој ќе започне на 9.февруари и ќе трае до 12.февруари.

karneval
карневал

Голем број на Бразилци веќе почнаа да се подготвуваат за најголемиот карневал во светот кој се одржува во Рио, а кој ќе започне на 9.февруари и ќе трае до 12.февруари.

karnevalУлиците на Рио се преполни со луѓе кои преку предкарневалски забави ја загреваат атмосферата пред главниот настан.Ако досега праксата на туристите беше да доаѓаат веднаш пред фестивалот за да го видат спектаклот, сега тие доаѓаат и да ги погледнат подготовките. Оваа година се очекува на карневалот да присуствуваат околу пет милиони посетители, а дури 492 улици ќе бидат оспособени за перформансот, кои уште отсега се преполни со луѓе кои танцуваат и се облечени во костими. Иако карневалот ќе почне за неколку дена, туристи од сите страни на светот пристигнаа во Рио. Организаторите овозможија и самите туристи да се вклучат во карневалот, па така на најпознатите плажи Копакабана и Ипанема каде ќе се одржи натпревар во самба, посетителите ќе можат да се облечат во карневалска облека и да се натпреваруваат.

{loadposition content9}