Погледнете нагоре, доаѓа кометата Панстарс
За десетина дена преку нашето небо ќе прелета кометата Ц/2011 Л4 Панстарс, на која ѝ биле потребни неколку милиони години да допатува од Ортовиот облак.
За десетина дена преку нашето небо ќе прелета кометата Ц/2011 Л4 Панстарс, на која ѝ биле потребни неколку милиони години да допатува од Ортовиот облак, огромна колонија на летачки објекти што се наоѓа на надворешната граница на Сончевиот систем.
Во моментов кометата може да се види од јужната Земјина хемисфера со помош на телескоп, додека за жителите на северната Земјина полутопка таа ќе биде најсјајна во периодот од 8 до 24 март.
Над Европа, според најавите на астрономите, кометата ќе може најубаво да се види на 12 и 13 март, кога ќе помине покрај Месечината.
Жителите на Земјата ќе можат повторно да ја видат Панстарс дури за 110.000 години.
{loadposition content9}