Skip to main content

Поголем IQ, повеќе љубомора

Истражувањето што го спроведе  Универзитетот во Вирџинија вели дека премногу љубоморните партнери се обично луѓе кои имаат висок коефициент на интелигенција.

ljubomora
љубомора

Истражувањето што го спроведе  Универзитетот во Вирџинија вели дека премногу љубоморните партнери се обично луѓе кои имаат висок коефициент на интелигенција.

Студентите кои учествувале во истражувањето имале задача да замислат ситуација дека во мејл сандачињата на саканото лице наоѓаат двосмислена порака од лице од спротивниот пол во која пишува: „Што работиш после?“.

ljubomoraИстражувачите открија дека студентите со најдобар просек на оценки и најголем коефициент на интелегенија реагирале бурно на оваа порака која има двојно значење.

Кај интелегентните луѓе присутна е изразена самоконтрола, а тие како личности најчесто тежнеат кон перфекционизам. Поради тоа многу може да ги вознемири фактот дека нивнот идеал за совршенство може да биде загрозен од нешто како што е неверност на партнерот.
Иако претходно е докажано дека жените се повеќе љубоморни од мажите, припадниците на посилниот пол се повеќе љубоморни ако пораката во себе содржена некој емотикон.

– Мажите се љубоморни на идеата на сексуална неверност, додека жените повеќе се љубоморни кога е во прашање емотивна неверност. Затоа, „смајли кое намигнува“ мажите го перцепираат како сексуално сугестивен знак и кокетирање, што разјаснува зошто тие се толку љубоморни, објаснува професорот по психологија, Дениз Фридман.

{loadposition content9}