Skip to main content

Полиња со лалиња

Холандија, земјата на слободата, демократијата, земјата во која има најмалку строг законски систем и најрелаксирани луѓе во светот, има уште нешто со што може да се пофали – прекрасните полиња со лалиња, кои се чини дека ги собрале сите бои!

Polinja so lale
полиња со лале

Холандија, земјата на слободата, демократијата, земјата во која има најмалку строг законски систем и најрелаксирани луѓе во светот, има уште нешто со што може да се пофали – прекрасните полиња со лалиња, кои се чини дека ги собрале сите бои!
Лалето е цвет чие име веднаш ве асоцира на Холанија. Иако можете да го најдете во секој двор, цвеќарница, икебана и букет, лалето некогаш било многу ретко и скапоцено, и било причина за илјадници неволји.

Polinja so laleИмено, во 17-тиот век постоела тулипоманија, односно опседнатост со лалињата, и нивните нови хибридни видови. Една луковица од нов вид на лале, вредела околу три куќи и осум коњи. Луѓето не тргнувале со пари, туку со луковица од лале. Ова е, на некој начин, и првата берза која се појавила во светот.

Лалињата ги има во 109 видови и подвидови: еднобојни, шарени, со посебни форми… Сите на едно место можете да ги најдете само во Холандија.

{loadposition content9}