Skip to main content

Политичари се раѓаат во мај а спортисти во септември

Дали човек ќе биде кошаркар, уметник, политичар, ѕидар, забар… зависи и од тоа кој месец е роден. Оние што слават роденден месецов се по спортот.

 |   | 
deca
деца

decaАнализата на британската канцеларија за национална статистика на најчестите професии и месецот на раѓање на вработените, укажува дека родителите кои копнеат по дете пилот, треба да испланираат тоа да се роди во март, оние што сакаат стоматолог во семејството – во декември, а за успешен директор “предодредени“ се децата родени во јуни.

Освен со професиите, научниците месецот на раѓање го поврзуваат и со интелигенцијата и со должината на животниот век. Нивните студии покажуваат дека децата родени во пролет се поболежливи заради слабата изложеност на мајката на сонце за време на бременоста.

“Не сакам да и придавам значење на астрологијата, но луѓето не се имуни на сезонските промени. Се чини апсурдно дека месецот на раѓање влијае врз успехот и животниот век на индивидуата, но сепак сите карактеристики во извесна мерка навистина имаат врска со времето од годината кога сме излегле од утробата на нашите мајки,“ посочува Расел Фостер, професор по неврологија на Оксфорд.

јануари – најчесто се раѓаат лекари и извршители
февруари – уметници и сообраќајци, но не е месец за физичари
март – пилоти и музичари
април – разни професии (големи шанси да се роди некој диктатор)
мај – политичари, а најслаби шанси да се роди спортист
јуни – извршни директори (овој месец се родени и петмина од последните 22-ца добитници на Нобел)
јули – ѕидари, машиновозачи и уметници
август – претседатели и ѕидари
септември – спортисти
октомври – имаат најголеми шанси за долг живот
ноември – најголеми шанси да се родат сериски убијци и шизофреничари
декември – забари и месии

{loadposition content9}