Skip to main content

Половина мажи во Европа правнуци на Тутанкамон

Истражувачите на компанијата, чие седиште е во Цирих, тврдат дека направиле детална генетска реконструкција на ДНК профилот на детето-фараон, врз основа на еден научен филм, што бил специјално направен за сателитскиот канал „Дискавери“.

 |   | 
sarkofag
sarkofag

Околу 70 отсто од денешните Британци – мажи се „потомци“ на најпознатиот египетски фараон Тутанкамон, затоа што се со него во „директно сродство“, покажува истражувањето на швајцарската компанија за генетика „ИГенеа“.

king tut

Истражувачите на компанијата, чие седиште е во Цирих, тврдат дека направиле детална генетска реконструкција на ДНК профилот на детето-фараон, врз основа на еден научен филм, што бил специјално направен за сателитскиот канал „Дискавери“.

Лондонските весници кои пишуваат за ова откритие, пренесуваат дека Тутанкамон му припаѓа на генетскиот профил на групата луѓе позната како „хапло група Р1Б 1а2“.

На оваа генетска група и припаѓаат повеќе од половината мажи во земјите на западна Европа, што треба да значи дека сите тие делат еден ист и заеднички прадедо.

sarkofag

Според швајцарските истражувачи, меѓу денешните Египќани, само еден отсто од нив го имаат во себе генот на „хапло групата“. Роман Шулц од „ИГенеа“ за британските весници признава дека е необично што една ваква генетска група, на која и припаѓал Тутанкамон, се наоѓа широк раширена во Европа, а не во Египет, што би било природно и логично.

{loadposition content9}