Skip to main content

Положбата во која спиеме открива какви сме

Иако во текот на сонот многу пати ја менуваме позицијата на спиење, истражувањата покажуваат дека положбата во која најчесто спиеме, односно во која се чувствуваме најудобно во креветот може да го открие нашиот карактер како и психолошките особини. Дознајте во која група припаѓате вие…

 |   | 

spienjeИако во текот на сонот многу пати ја менуваме позицијата на спиење, истражувањата покажуваат дека положбата во која најчесто спиеме, односно во која се чувствуваме најудобно во креветот може да го открие нашиот карактер како и психолошките особини. Дознајте во која група припаѓате вие…

Положба на страна 1
Личностите кои сакаат да потонат во сон свртени на страна со испружени реце и нозе се забавни и сакаат излегување и дружење. Отворени се за комуникација и сакаат да запознаваат нови луѓе како и да се дел од групните активности.

Положба на страна 2
Сите кои сакаат да лежат на страна со лесно свиткано тело и раце испружени напред се личности кои сакаат да го сокријат својот вистински карактер. Отворени се комуникација, сакаат да подаруваат и не сакаат предрасуди. Имаат смисла за хумор која понекогаш може да излезе малку цинична, но кој ги познава знае дека тоа не е намерно.

Положба на фетус
Положбата во која лежите на страна со собрани нозе и раце наместени под главата открива личност со силен карактер која сака контрола. Но, исто така, оваа положба ја открива и вашата чувствителна и срамежлива страна која се обидувате да ја скриете од другите.

Строга положба
Личностите кои најчесто спијат испружени на грб всушност се многу мирни и го сакаат својот мал свет во кој живеат и добро функционираат. Многу се резервирани и имаат високи сопствени очекувања и стандарди, но исто така и од другите.

Слободна положба
Ако сакате да заспиете на стомак со рацете под перница значи дека сте многу искрена личност која сака да го изнесе своето мислење за другите зад кое цврсто стои. Сакате да бидете во центарот на вниманието, што понекогаш може да изгледа по малку наметливо. Не сакате критики, ниту нападни ситуации. Малку сте несигурни во себе.

spienje

Раширена положба
Положбата во која личноста лежи на грб со раширени или подигнати раце опишува вистински пријател. Таквите личности сакаат внимателно да ги сослушаат туѓите проблеми и да помогнат доколку можат. Не сакаат да бидат во центарот на вниманието, па со тоа не сакаат ни да доминираат. Тие се со смирен карактер и сакаат да се дружат.

{loadposition content9}