Portishead пристигнуваат на Exit
Бендот од Бристол, формиран во почетокот на 90-тите, Portishead, наречен по градчето од кое потекнува продуцентот и мултиинструменталистот Geoff Barrow, веќе со првиот албум Dummy од 1994. година се оттргна од доминантниот островски brit-pop звук, со сингл хитовите Glory Box и Sour Times. Неодоливо меланхоличниот, а воедно и зачарувачкиот глас на Beth Gibbons, и со непроценливиот придонес на гитаристот Adrian Utley, ja зацрта својата естетика, која се разликуваше од се дотогаш трендовското. Сосема неочекувано, албумот оствари огромен комерцијален успех, со пофалбите и од публиката и од критиката, за сето тоа да кулминира година подоцна со престижната Mercury музичка награда.
Со синглот All Mine, три години подоцна, 1997. година, го најавија и албумот Portishead, а по објавувањето на албумот во живо со Њујоршката филхармонија, се повлекуваат се до 2008. година.
На малкумина им успева по десетгодишна пауза да објават камбек албум кој ќе го засака и публиката и критиката. Во април 2008. година се појавува албумот Third, најавен со синглот Machine Gun. Мешајќи различни естетски правци, со електро, џез и гаражни влијанија, Third повторно ги добива симпатиите на јавноста со високите оценки на сите еминентни музички медиуми. Магазинот NME албумот го оценува со 9/10, трендовскиот Pitchfork го прогласува за еден од најдобрите албуми на годината, а Thom Yorke го нарекува „преубав и најдобар во нивната кариера“.
Во декември 2009 година на Меѓународниот ден на човековите права, Portishead ја објавува песната Chase The Tear, достапна на нивната веб страница, со цел прибирање донации за организацијата Amnesty Interational.
{loadposition content9}