По 30 години повторно се отвора истрагата за смртта на Натали Вуд
Американската полиција известила дека повторно ќе ја отвори истрагата околу смртта на познатата актерка Натали Вуд, која се удавила под чудни околности на крајот на ноември 1981 година.
Безживотното тело на 43-годишната Вуд е пронајдено како плута во близина на калифорнискиот остров Санта Каталина.
Вечерта пред нејзината смрт, ѕвездата од филмовите “Бунтовник без причина“ и “Приказната од западната страна“, Вуд била во друштво на својот сопруг, телевизиската ѕвезда, Роберт Вагнер и актерот Кристофер Валкен. Тие вечерале и се забавувале на јахта на самиот остров. Нејзината смрт тогаш била прогласена за несреќен случај.
По 30 години истрагата повторно се отвора бидејќи во полиција се пријавиле лица кои тврдат дека имаат нови сонзанија во врска со мистериозната смрт на актерката.
Портпаролот на 81-годишниот Роберт Вагнер рекол дека засега тој не бил повикан од детективите во врска со случајот, но тој во целост ги подржува напорите на полицијата да откријат кои се вистинските причини за смртта на неговата сопруга.
{loadposition content9}