Правила за шоферите низ светот
Прочитајте на кој начин луѓето во другите држави може да добијат возачка дозвола и низ кои процеси треба да поминат.
Прочитајте на кој начин луѓето во другите држави може да добијат возачка дозвола и низ кои процеси треба да поминат.
– Во Бразил нападите врз автомобили се чести, па токму поради тоа идните возачи во автошколите ги учат техники за одбрана.
– Во Финска потребни се минимум две години за да добиете целосна, неограничена возачка дозвола. Исто така, на автомобилите на учениците биле поставувани лизгави патеки, а исто така тие имале и вечерни часови. Колку и да звучи тешко, Финска се сметаат за светска класа во возење.
– Некои држави во Америка може да издадат „возачки дозволи“ на деца кои имаат 14 и пол години. Така на пример, Одделот Ајдахо за транспорт за да ја додели лиценцата, возачот мора да помине низ програмата за „Дипломирана лиценца“ која трае 6 месеци за сите деца кои имаат под 17 години. Условот за возење на децата е постојано да бидат придружувани со лица кои имаат најмалку 21 година.
– Практичните тестови во Јапонија се прават надвор од патиштата. Јапонија има изградено симулирани патишта каде што учениците можат да полагаат и да вежбаат.
– Во Саудска Арабија, на жените не им е дозволено да имаат возачка дозвола.
– Во некои земји нелегално е да возите со странска возачка дозвола. Така на пример, Виетнам казнува со 9.50 американски долари.
– Привремените возачки дозволи на Французите им налагаат да имаат минимум две години обука, што опфаќа околу 3000 километри. Тие исто така не смеат да пречекорат брзина од 110 километри на час.
– Во голем број земји новите возачи со закон мораат да поминат лекарски тест, а исто така мора да поминат низ лекарски тест за очите. Во Велика Британија инструкторот неформално ќе ве праша уште пред полагањето да ја прочитате табличката на далечина од 20 метри. Исто така, во Британија можете да имате возачка дозвола и да бидете легално слепи.
– Се до неодамна, тестот за возачка дозвола во Индија се содржел со возење низ конуси, и потоа возење наназад.
– Во Нигерија тестот за возачка дозвола е задолжителен. Претходно, дозволите можеле да се добијат за 30 долари.
– На Филипините, целосната возачка дозвола се нарекува „Професионална дозвола“.
– Северната територија на Австралија ги ограничува почетниците да возат до 80 километри на час.
– Во Нов Зеланд возачите со ограничена возачка дозвола смеат да возат без надзор од 05.00 до 22.00 часот и смеат да возат патници како нивните сопрузи и родители. Норвешката „с“ лиценца дозволува да се возат автомобили на снег.
– Чекањето за возачка дозвола во јужноафриканските градови е повеќе од 4 месеци.
– Некои земји бараат возачите да положат прва помош. Швеѓаните треба да положат курс за прва помош пред да добијат привремена лиценца.
– Во Русија (една од првите земји кои вовела привремена лиценца), возачите мораат да имаат „сертификат за ментална компатибилност“ и не смеат да имаат историја на злоупотреба на супстанции. Слично, во Бразил возачите мора да положат психолошки тест пред да земат возачка.
{loadposition content9}