Skip to main content

Премиера во Охрид на најновиот филм на Милчо Манчевски „Сестра, брат и шахта“

Билетите се продаваат на билетарницата, која работи секој работен ден од 10 до 17 часот, како и на денот на проекцијата од 13 до 20 часот.
 |  инфодеск  | 

Најновиот македонски филм на режисерот и сценарист Милчо Манчевски, „Сестра, брат и шахта“, во четврток, 3 декември, ќе ја има својата премиера пред охридската публика. Проекцијата ќе започне во 20 часот, а цената на билетот изнесува 300 денари.

Станува збор за македонска комична драма и сатира од 2026 година, која на 4 ноември ја освои наградата Гран-при на 39. Меѓународен филмски фестивал во Токио.

Филмот носи сатирична приказна за брат и сестра кои живеат на маргините на општеството и преживуваат преку кражба и продажба на споменици и шахти.

Во главните улоги настапуваат Сара Климоска како Малина, Филип Трајковиќ како Виктор, Соња Михајлова како Тодора, Петар Мирчевски како Бред Пит, Дејан Лилиќ како д-р Миле Ребит, Јордан Симонов како Панче и Јасмина Василева како Ружа.

Продуцент на филмот е Јане Кортошев, а неговото времетраење е 116 минути.

Билетите се продаваат на билетарницата, која работи секој работен ден од 10 до 17 часот, како и на денот на проекцијата од 13 до 20 часот.