Skip to main content

Македонскиот филм „Утре наутро“ премиерно во петок во НУ „Григор Прличев”

Премиера на македонскиот филм „Утре наутро“ во петок.
 |  инфодеск  | 

Утре наутро“ – македонски долгометражем филм од 2025 година, по сценарио и режија на Јани Бојаџи, премиерно ќе биде прикажан во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид во петок, 12 декември со почеток во 19.30 часот.

Содржина:

Аида, млада докторка е силувана од нејзин постар колега, влијателен и богат хирург. Корумпираниот суд ја отфрла нејзината тужба со образложение дека за време на настанот таа не давала доволно силен отпор.

Јоана Пеласка, сопругата на поранешниот премиер и нејзините деца се прогонувани заради видео фајлот на кој се гледа што се случило во нивната куќа вечерта кога американскиот амбасадор од таму ќе украде мала бронзена античка фигурина на која е претставено „Силувањето на Европа“. Откако ќе им се вкрстат животните патишта, двете жени бараат доволно причини – едната да замине, а другата да остане во Македонија.

Карти во продажба на билетара, цената на карта е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-19:30 часот на денот на изведба на претставата.