Премиера во Охрид: Урнебесните “Солзи и смеа” со најновата комедија во четврток во НУЦК “Григор Прличев”
Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнаа својата голема турнеја во над 10 градови во Македонија.
“Солзи и смеа” доаѓаат во Охрид со најновото комично шоу, кое премиерно ќе биде изведено во нашиот град. Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнаа својата голема турнеја во над 10 градови во Македонија – со нивната најнова урнебесна комедија, каде ги полнат салите до последното место. – Во Охрид доаѓаат на 12.12.2024 година, а комичното шоу е закажано за во 20 часот во НУЦК Григор Прличев, сала која исто како лани, ќе биде претесна за да ги собере сите охриѓани кои ќе уживаат во смеата на овие добро познати комични ликови, информираат организаторите.
Билетите по цена од 250 денари можат да се резервираат на тел. 076/ 519-245.