Преполна сала за митингот на Бојан и Марјан во Охрид
Салата беше претесна за големиот број граѓани кои сакаа да бидат дел од хумористичното шоу, затоа актерите ветија дека ќе организираат уште еден митинг.
Преполна сала, громогласна смеа, долги аплаузи. вака изгледаше стенд АП митингот со Бојан Велевски и Марјан Ѓеоргиевски.
Преку необичен и префинет хумор стенд ап комичарите ја доловија реалната политичка сцена во земјава.
Ја претставија својата политичка кампања, митинг по текст на познатиот Божидар Божиноски. Пренесоа бројни празни ветувања од нашите политичари.
За незаборавното шоу Можевме, мало сутра охриѓани ги наградија со громогласни аплаузи и честитки. Салата беше претесна за големиот број граѓани кои сакаа да бидат дел од хумористичното шоу, затоа актерите ветија дека ќе организираат уште еден митинг.