Skip to main content

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во понеделник во Македонија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, следната недела ќе ја посети Македонија во рамки на својата балканска турнеја. Од кабинетот на Туск соопштија дека тој ќе има средба со претседателот Ѓорге Иванов.

 |   | 

Но, денеска во медиумите излезе информација дека наредната недела, односно од 4 до 6 април Иванов ќе престојува во Истанбул, Турција, каде ќе учествува на 20. Евроазиски економски самит.

Најверојатно, Туск во Македонија ќе допатува во понеделник, но останува да видиме дали Иванов ќе одлучи еден ден порано да отпатува за Турција и во последен момент да ја отаже средбата со претседателот на Европскиот совет, како што направи со Јоханес Хан.