Skip to main content

ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид

Претставата „Перфектни странци“ на охридските Гимназијалци премиерно во понеделник во НУЦК „Григор Прличев“

Понеделник, 4. мај, 20 часот. НУЦК „Григор Прличев“
 |  инфодеск  | 

Во понеделник, 4-ти мај, во 20:00 часот во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид, драмската секција при ОСУ „Св. Климент Охридски” ќе ја изведе нивната најнова претстава „Перфектни странци“, претстава која како што велат ќе ве насмее, ќе ве затегне, и ќе ве натера да го погледнете сопствениот телефон поинаку.

Претставата вешто балансира помеѓу комичното и драматичното, поставувајќи прашања што сите си ги поставуваме, но ретко ги изговараме гласно: Колку навистина се познаваме? Колку тајни можат да издржат љубовта и пријателството? И дали вистината е секогаш ослободувачка или понекогаш може да биде разорна?