Skip to main content

Народен театар Охрид

Претставата „Чекајќи го Годо“ утревечер повторно пред охриѓани

Претставата ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот, а цената на билетот е 200 денари.
 |  инфодеск  | 

Утревечер на реперотарот на охридскиот народен театар повторно е претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет, во режија на Сашо Миленковски.

„Чекајќи го Годо“ е едно од клучните драматуршки дела на 20-тиот век.  Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски и Павел Маслов под режисерската палка на Миленковски со оваа претстава сакаат, во денешно време на вештачка интелигенција, да го свртат вниманието кон изворната сила на театарот.

Претставата ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот, а цената на билетот е 200 денари.