Skip to main content

Младински Центар Охрид

Претставата на младите од Младински Центар Охрид „Премотај и почни одново” во сабота повторно пред охриѓани

„Премотај и почнит одново” е адаптација на едночинката „Bang Bang You’re Dead” од Вилијам Мастросимон од 1999 година и е длабоко испитување на културата што може да предизвика насилство во современото општество, и потресна интроспекција на последиците од тоа насилство.
 |  инфодеск  | 


Во сабота, 14.12.2024 на малата сцена во НУЦК Григор Прличев – Охрид со почеток во 20 часот повторно ќе биде одиграна претставата на младите од Младински Центар Охрид „Премотај и почни одново” .

„Премотај и почни одново” е адаптација на едночинката „Bang Bang You’re Dead” од Вилијам Мастросимон од 1999 година и е длабоко испитување на културата што може да предизвика насилство во современото општество, и потресна интроспекција на последиците од тоа насилство.

Влезот е 150 денари, а резервации можат да се направат на социјалните мрежи на Младински Центар Охрид или на тел. бр. 078/413-946.

Продукција: Младински Центар Охрид
Сценарио и режија: Јован Цветкоски
ИГРААТ: Лука Доленц, Дафина Дејкоска, Сара Петкоска, Марио Ѓорески, Ивона Тасеска, Лија Камбер, Борче Исакоски, Исидора Митревска, Лора Јонческа, Лина Јоноска, Теона Талевска