Skip to main content

Театар

Претставата „Види, летам“ гостува во Охрид

Претставата ќе се оддржи на 17 јуни 2024 година со почеток од 20:00 часот на Народниот театар од Охрид со почеток во 20:00 ч. Влезот е слободен.
 |  инфодеск  | 

Вондерленд театар од Скопје во соработка со Младински Образовен форум (МОФ) и УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, ќе ја изведат претставата „Види, летам!“ во Охрид.

„Види, летам!“ е претстава која е правена по вистински приказни на лица бегалци, баратели на азил и лица без државјанство. Овие луѓе на посебни работилници водени од тимот на претставата, храбро ги имаат споделено своите животни искуства со актерите, авторот и режисерот. Нивните идентитети во текот на целиот процес остануваат заштитени и анонимни. Раскажаните приказни, авторот на претставата Ана Ристовска Трпеноска ги има преточено во емотивен текст кој што говори за трауматичните настани низ кои овие лица поминувале но и за нивните детства, соништа, емотивни потреби, љубовни искуства и потребата да бидат дел од задницата која често ги отфрла.

Проектот е во режија на Ивана Ангеловска, а под креативно водство на уметничкиот координатор Нела Витошевиќ. Во претставата играат актерите Никола Настоски, Исмет Шабановиќ, Ана Димитрова, Леонардо Лазов и Сара Спиркоска.

Од продукцијата посочуваат дека преку оваа театарска претстава се обидуваат да ја поттикнат емпатијата со бегалците и лицата без државјанство, а целта е да се поттикне подлабоко разбирање и поврзување во нашата заедница.