Skip to main content

Притвор од 30 дена за началникот на петтата управа во МВР

Притвор во траење од 30 дена за началникот на петтата управа во МВР, Горан Грујевски одреди Кривичниот суд, потврдуваат од Судот, пренесува „Радио слободна Европа“.

лого

Притвор во траење од 30 дена за началникот на петтата управа во МВР, Горан Грујевски одреди Кривичниот суд, потврдуваат од Судот, пренесува „Радио слободна Европа“.

ленчеПовеќе од осум часа траеше распитот на Грујевски, кој е првоосомничен во случајот „Тврдина“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство. СЈО претходно побара притвор за него.

Освен Грујевски, осомничени во случајот се и други началници и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Според Обвинителството, тие незаконски уништиле опрема за следење на комуникациите со изговор дека е застарена, со што на државата и била нанесена штета од 10 милиони евра. Осомничените се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување на службени исправи.