Обиди се да береш тутун
Џорџ Клуни вели дека му е смачено да слуша како некои од неговите колеги постојано „кукаат“, а поим немаат колку се всушност среќни.
Џорџ Клуни им порачал на своите колеги актери да престанат да се жалат на работата бидејќи постојат и многу потешки начини да се заработи во животот. Вели дека му е смачено да слуша како некои „кукаат“, а поим немаат колку се всушност среќни.
-Јас порано берев тутун во Кентаки и едно време продавав осигурување од врата до врата – тоа е тешка работа. Глумата не е – рекол Клуни во текот на состанок со „Холивуд рипортерс“.
-Ако некој се наоѓа на оваа маса, значи имал многу среќа во животот. Сум познавал многу талентирани актери кои не ја добиле својата шанса. Дали глумата е навистина тешка? Знам, понекогаш се работи долги и напорни часови, но никој не сака да слуша жалење. А некои актери во Холивуд постојано се жалат и велат дека им е тешко. Јас не мислам така. Мене мојата работа ми е полна со предизвици, и понекогаш не ја работам добро, но никогаш не мие тешка. Се сеќавам како порано продавав женски чевли во трговски центар, тоа беше очајна работа – додал актерот.
{loadposition content9}