Skip to main content

„Продолжи да сонуваш“ – самостојна ликовна изложба на проф. Жанета Стаиќ

Изложбата ќе биде поставена во НУ Центар за култура ,,Григор Прличев” од 26-ти август до 2-ри септември.
 |  инфодеск  | 

Во вторник (26.8.2025) во НУ Центар за култура ,,Григор Прличев” во 20:30 ч. ќе биде отворена самостојна ликовна изложба од проф. Жанета Стаиќ.

Професорката по ликовна уметност Стаиќ пред охридската јавност ќе претстави избор од дела насловен „Продолжи да сонуваш“.

Рецензент на изложбата е Калина Фиона Милошевска, а за акустичен амбиент ќе се погрижи Мухамед Асан.

Влезот е слободен. Изложбата ќе биде отворена до 2-ри септември.