Skip to main content

Проекција на документарниот филм „Третиот свет”, посветен на легендарниот бенд Haustor

Проекцијата се реализира во организација на Културолошка иницијатива 5 до 12, како дел од континуираната програма на Кино „Четврток”, која има за цел да донесе квалитетна и релевантна филмска содржина пред охридската публика.
 |  инфодеск  | 

Во рамки на програмата на Кино „Четврток”, во Охрид на 5 март 2026 година ќе се одржи проекција на документарниот филм „Третиот свет”, посветен на легендарниот бенд Haustor и креативниот однос меѓу две значајни авторски личности – Дарко Рундек и Срѓан Сахер.

Филмот го следи процесот на создавање на култниот албум Treći svijet (1984) – едно од највлијателните музички изданија на поранешната југословенска сцена. Преку архивски материјали, сведоштва и повторно студиско обединување по четири децении, „Третиот свет” нуди интимен увид во креативната динамика што резултира со дело кое и денес има култен статус.

Режијата е на Арсен Оремовиќ, а филмот претставува и документ за едно културно време што повеќе не постои, но продолжува да живее преку музиката.

📅 Датум: 05.03.2026
Проекцијата е во Филмски институт ФИОФА – Охрид (Универзитет „Св. Апостол Павле”) со почеток во 20 часот, а влесот е отворен од 19:30 ч. Билетите се достапни во Shilla – coffee & bar по цена од 200 денари.( Местата се ограничени.)

Проекцијата се реализира во организација на Културолошка иницијатива 5 до 12, како дел од континуираната програма на Кино „Четврток”, која има за цел да донесе квалитетна и релевантна филмска содржина пред охридската публика.