Skip to main content

Проекција на филмот „Македонецот” утревечер во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид

Културниот настан „Патување кон корените” започнува во 19 часот, а влезот е бесплатен.
 |  инфодеск  | 

Утревечер во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид ќе се одржи културниот настан „Патување кон корените”, во авторство на режисерот Петро Алексовски од Полска, а во организација на Полската амбасада во Македонија и НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид.

Според програмата на настанот пред присутните ќе се обратат претставници на Полската амбасада, на Општина Охрид, режисерот Петро Алексовски, по што ќе следува проекција на документарниот филм „Македонецот”, создаден според вистинската животна приказна на таткото на Петро, Мито Алексовски, дете-бегалец од Егејска Македонија.


Настанот е збогатен со пропратна изложба насловена „Мајко мила”.

Настанот започнува во 19 часот а влезот е бесплатен.

🎬 Погледнете го трејлерот за филмот:
YouTube – „Македонецот” – трејлер