На 18-ти јули во Охрид ќе се реализира проектот ,,Креативност”

На 18-ти јули на плоштад ,,Вангел Наумовски” во Охрид ќе се реализира проектот ,,Креативност” – Поттикнување на младите за креирање на авторски дела и нивна промотивна презентација.
Програмата започнува во 21 часот со настап на К2 и неговите ѕвездички, по што следува микс сесија (ДЏ – ски сет од 22:00 – 24:00ч.) на Никола Тони и презентација на креативни ламби изработени од дрво.
Во рамките на активностите Здружението ,,Тактус” ќе се представи со еднодневна групна изложба, на дела насликани на летната сликарска школа. Сликите кои ќе се поставени се изработени од деца на возраст од 6 до 12 години.
Младински Центар Охрид ќе учествува со интерактивна креативна активност која комбинира изложба на уметнички и ракотворечки дела создадени во претходни работилници работени од млади, како и „Остави свој печат“ ѕид – големо платно на кое посетителите ќе можат да цртаат, пишуваат пораки или оставаат отпечатоци, создавајќи заедничко уметничко дело во текот на вечерта.
Цел на активноста:
⦁ Промоција на креативните работилници и талентите на младите.
⦁ Вклучување на посетителите во интерактивен уметнички израз.
⦁ Поттикнување на заедничка креативност и учество во културниот живот на заедницата.
Резбарското Ателје Воскресение ќе се представи со резби од ореово дрво изработени од аристос Сашо Трајаноски кој му дава животен дух на дрвото кое е столб за нас и идните генерации.

Настанот е поддржан од Сектор за култура – Општина Охрид и општествено одговорни компании.
Напомена:
Ако музичкиот настан биде одложен поради временска неприлика на денот на одржувањето ќе се презакаже наредниот ден на 19/07/2025 со почеток во 21:00 часот.