Skip to main content

Нова авантура со сказните на Биби и Боби

Пролетната магија со Биби и Боби пристигнува и во охридското кино

Нова авантура со сказните на Биби и Боби ќе можат да погледнат малите охриѓанчиња на 30-ти и 31-ви мај.
 |  инфодеск  | 
светот на биби

„Авантурите на Биби и Боби -Пролетна магија”  е новиот анимиран филм од „Светот на Биби“, кој во деновите 30.05.2023 г. (вторник) и 31.05.2023 г. (среда) ќе се прикажува во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид.

„Пристигна нова авантура со сказните на Биби и Боби. Исчезнати и заборавени волшебни животни. Магични предмети кои имаат сила да разбудат пролет. Нови другарчиња и пријателчиња во нашата најнова хипер-суперултра-мегатурбо-гига мноооогу возбудлива прошетка низ нашата убава Македонија. “-порачуваат организаторите на „турнеата“ на анимираниот филм во кината низ Македонија.

Почетокот на проекциите е во 19.00 часот, а цената на билетот 120 ден.
Rежија: Димитар Аризанов, Јосип Здравковски
улоги: Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски, Дамјан Цветановски
времетраење: 30′
земја: Македонија
жанр: Анимиран, авантура, семеен