Skip to main content

Пролетта пристигна, а ни носи и неколку проблеми

Доаѓањето на пролетта означува нов почеток. Ова годишно време треба да ви претставува будење, оставање на проблемите и облеката на минатото…

 |  Маја Савиќ  | 

banner

Доаѓањето на пролетта означува нов почеток. Ова годишно време треба да ви претставува будење, оставање на проблемите и облеката на минатото, а овој викенд ќе го промениме и сметањето на времето. Вчера ја дочекавме и пролетната рамнодневица, денот беше долг колку и ноќта и месечината е најблиску до Земјата.

Што друго знаеме за пролетта? Пролетни дождови, сe се раззеленува и цути, сонцето ќе почне наскоро посилно да грее и сe ќе се разбуди од зимскиот сон. Но, има и неколку работи што ни ги носи ова годишно време што не сме ги знаеле, а ги чувствуваме. На првиот ден од пролетта, ние веднаш да ви пренесеме неколку информации околу ова годишно време и вашето здравје.

Ако се чувствувате изморено, не плашете се, тоа ви е од пролетта. А заедно со заморот, доаѓа и желбата да си поспиете, иако сте поминале осум часа во кревет, тоа се симптоми што ви ги предизвикува ова годишно време. Дополнително, колкумина од вас се чувствуваат тажно и малку депресивно, не ви се работи или, пак, сe ви пречи или ве нервира, дали овие симптоми ? ги должиме на пролетта?

prolet

Доколку вообичаено сте со ведар дух и во добро расположение, ова годишно време малку ќе ви го помати биоритамот. Како што ќе се случуваат промените надвор, така вие ќе се чувствувате однатре. Но, не грижете се, минливо е, а еве и неколку работи што треба да ги правите за да ги надминете овие проблеми.

Заморот победете го со утрински исцеден портокал и лимон. Витаминот Ц ќе ви помогне да се раздвижите наутро, а за да се одделите од креветот, ставете си аларм со некоја повесела музика, сменете ја старата и оставете ? ја на зимата. Очекувајте да ве фати и малку меланхолија, иако сте дома и немате зошто да бидете тажни, сепак тоа ќе ви се случи. А едноставно решение е сонцето, ако го има веднаш искористете го и излезете надвор, затоа што пролетта е променлива, па така и времето се менува многу брзо. Не чекајте и не велете ќе одам утре, затоа што другиот ден можеби ќе ве дочекаат пролетните дождови.

proleten

И за крај, оние лица што имаат проблем со алергии, синуси и астма, знаете дека треба да си ја подготвите вообичаената терапија и никако од дома без неа. Инаку, дишењето ќе ви оди многу потешко, ќе се нервирате, а со тоа ќе ги пропуштите убавините и промените што ќе ни ги донесе природата, седејќи дома.
{loadposition content9}