Skip to main content

НУ Библиотека „Григор Прличев”Охрид

Промоција на книгите „Цветен поздрав“ и „Мојот двор“ од Драган Р. Сајиќ

Двете книги се сметаат за бестселери во областа на хортикултурата. 
 |  инфодеск  | 

Во рамките на настаните поврзани со развојот на мрежата на хортикултурни библиотеки во нашата држава, во која членува и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во Прличевата одаја на библиотеката на 6 септември во петок од 12 часот ќе гостува еминентниот автор Драган Р. Сајиќ од (Р.Србија).

Во оваа пригода ќе бидат промовирани неговите најнови книги: „Цветен поздрав“ и „Мојот двор“ а присутните ќе имат моќност да поставуваат и прашања и да разговараат со авторот.

Во својата прва книга „Цветен поздрав“ Сајиќ на практичен начин  не запознава со светот на цвеќињата и дава совети за нивното одгледување, додека во втората книга „Мојот двор“ нуди еден од можните начини да живееме во хармонија со растенијата во нашата непосредна околина, користејќи при тоа директен стил на разговор што ви дава чувство дека разговарате со пријател, во сенката на вашето омилено дрво.

Двете книги се сметаат за бестселери во областа на хортикултурата. 

Цветната приказна за поубав Охрид се сведува на максимата: се’што сакаме да знаеме за одгледувањата на украсните растенија ќе можеме конкретно да научиме или да се потсетиме на средбата со гостинот од Србија, Драган Р. Сајиќ.

Сајиќ е пасиониран љубител на убавото, така што долгогодишната работа со растенијата резултира со формирање на Градинарски центар „Биосан“ – www.biosan.rs, за потоа да реализира и многу други проекти поврзани со хортикултурата.

Автор е на серијата „Градинарство“ на YouTube (практични придонеси кои го популаризираат и зачувуваат зеленилото), на првиот портал за работа со билки (1997) www.garden.rs и основач на Интернет клуб ( http://internet.org.rs).